Press "Enter" to skip to content

Анкета на “Стратум Р&Д“ нарачана од “Макфакс“, СДСМ во водство во Битола

СДСМ победува во Битола, открива анкетата на агенцијата “Стратум Р&Д“ нарачана од “Макфакс“.

На прашањето “Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори”, 34 % од испитаниците одговориле СДСМ, 25,1 % се изјасниле ВМРО – ДПМНЕ, 2,4 % сметаат дека тоа ќе биде Левица, а 0,2 % одговориле ДУИ. 

На прашањето “За кого ќе гласате на претстојните локални избори за советничка листа”, 25,6 % одговориле за советничката листа на СДСМ, 23 % одговориле за листата на ВМРО – ДПМНЕ, Левица ја одбрале 2,6 % од испитаниците, ДУИ 1,4 %, а Интегра 0,2 %. За Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата ќе гласаат 28,7 % од испитаниците, а за кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ 27, 5 %. Следуваат Горан Милевски со 3,8 %, Зоран Лазаревски со 2,4 % и Јорго Огненовски со 0,2 %. Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1.000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.

More from ВестиMore posts in Вести »