Press "Enter" to skip to content

Вечер во Битола кошарка, Пелистер-МЗТ Скопје, влез слободен, само 30% од капацитетот

По повеќе од една и пол година се враќаат гледачите на кошаркарските натпревари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром доаѓа во Битола во дерби на македонските претставници во АБА2 лигата.

Вратите на салата се отворени за сите фанови и приврзаници на КК Пелистер. Влезот е слободен.

Дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и тоа само за лица со:
– сертификат/потврда за извршена вакцинација од корона вирусот, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест ковид-19 или

– сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »