Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 20. издание на “Интерфест“ отворено со Стефан Миленковиќ и Софиската филхармонија (фото)

Кога денес, зборуваше и пишуваме за 30. по ред јубилејното издание на Фестивалот на класична музика “Интерфест“ во Битола, ќе се потсетиме и како започна 20. издание, односно како беше пред 10 години, на 20. издание на “Интерфест“, еден значаен бренд за културата во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајен на битолското новинарство.

-Интерфест“ во 2011 годинапочна со спектакуларниот концерт на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и Софиската филхармонија под диригентската палка на Мартин Пантелејев, во преполнетата голема сала на Центарот за култура, свечено беше отворен 20. по ред јубилеен Фестивал на класична музика, вели Миновски и додава:

-Организаторите на Фестивалот Кирил Рибарски и Милица Шперовиќ-Рибарски во 2011, како е секоја година, во изминатите 30 години, понудија концепт во кој се содржани концерти на познати уметници од светот. Фестивалот понуди уште осум концерти, една театарска претстава, ликовна изложба и поетска вечер.

На “Интерфест“ – Битола се изведе и театарската претстава “Вишновата градина“ на Чехов, во режија на Звезда Ангеловска, како и поетска вечер посветена на великанот на македонската поезија, Гане Тодоровски.

More from КултураMore posts in Култура »