Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа ја отвори сезоната, победен МЗТ Скопје во Битола (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 82:79 

Екипата на КК Пелистер  на стартот на сезоната во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ ја оправда улогата на фаворит и кандидат за титула, победувајќи го МЗТ Скопје со 82:79, во убав амбиент и пред 1.000 гледачи, во натпревар во кој двете екипи  направија многу грешки. Екипата на Пелистер не дозволи изненадување и во финишот кој беше неизвесен.Дербито започна со грешки, а гостиѕе умаа резилтатска предност во првата четвртина, но играта во одбрана на пелистерци и Стајиќ, кој постигна девет поени (две тројки), донесе предност за екипата на Илиевски по десет минути 20:17. Потоа повторно грешки на двете страни, но Пелистер стигна до +8. Следуваше серија на Дамјан Стојановски за на одмор да се отиде со  37:38 за МЗТ Скопје. Скопјани во третиот квартал имаа највисоки +8. По многубројните грешки од двете страни, сепак “пелистерци“ намалија на -3 во пресрет на последните десет минути. Последната четвртина комплетно им припадна на битолчани. Се разигра Кесар, тројка погоди Трајковски и брзо разликата порасна до +8, а потоа и победа од 82:79.Најефикасни кај Пелистер беа Стајиќ со 23, Кесар со 16 и Трајковски со 12 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »