Press "Enter" to skip to content

Прес конференција денес одржа движењето “Одлучно“ на ЛДП и ДОМ

Димитар Кузмановски од ЛДП во име на движењето “Одлучно“ на партиите ЛДП и ДОМ одржа прес конференција на која рече:

-Битола во изминатите 20 години или поточно од осамостујувањето на нашата држава  не добила мост по течението на реката Драгор. Затоа ние од движењето ОДЛУЧНО за промени предводено од кандидатот за градоначалник на општина Битола, Горан Милевски, ветуваме изградба на два сообраќајни мостови долж Булеварот кои ке имаат за цел да го олеснат движењето на граѓаните на Битола и да не мора да се врви цел град за да преминеме од едната страна на реката на другата.  Со изградбата на мостовите кои ке имаат сообраќаен дел и пешачки дел,  граѓаните на Битола  ќе заштедуваат на време, на гориво кое  има и влијание врз екологијата бидејки знаме дека возилата се еден од најголемите загадувачи на градот. Инфраструктурно ќе ја збогатиме и визуелно ке добие нов лик една од најфрекфретните улици во Битола. 

Булеварот во Битола ќе биде и првата улица од Градот која исто така ќе добие и велосипедска патека од двете страни на улицата. Патека која ќе се гради по сите светски стандарди, а не дел од улица обележан со боја. Недозволиво е во 21 век во град како Битола, град кој низ историјата предничел и културолошки и инфраструктурно да нема ниту една велоспедска патека,  а пак оние похрабрите кои се трудат да возат велосипеди или електрични тротинети да бидат казнувани бидејки не се движат по велосипедска патека.

Со изградбата на двата мостови и велосипедската патека на булеварот ќе се обезбеди полесен, поекономичен и побезбеден  пристап до највиталните институции во градот како Судот, Полиција, Здраствен дом, училишта и што е најбитно еколошкиот дел во кој наредните години мора на битолчани да му се подобри квалитетот на воздухот. Битола не можи да биде вело град само во изборна кампања. Битола не можи повеќе да чека на бавните проекти и нивната изведба која знае да трае со години.

На Битола му треба одлучност, а движењето одлучно за промени ја има визијата за градот, го има концептот и што е најважно ги има луѓето кои ќе се погрижат да го вратиме сјајот на нашиот град.

More from ВестиMore posts in Вести »