Press "Enter" to skip to content

Бојан Бојкоски – кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ: Битола – SMART CITY

-Општината како институција и вистински сервис на граѓаните мора да биде отворена и достапна, а не како досега, неефикасна, нетранспарентна и затворена. Дигитализацијата на јавните услуги е процес кој зема замав со подемот на информациските технологии. Воведувањето на дигитални јавни услуги овозможува транспарентност, отчетност и еднаквост, побрз и полесен пристап до јавните услуги за граѓаните и сите релевантни чинители, рече денес на прес-конференција Бојан Бојкоски, кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, и додаде:

-Во услови на зголемена потреба за брзо економско опоравување од последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД 19 и подобрување на квалитетот на живеење во новонастанатите услови, дигитализација на услугите добива особено значење посебно кога станува збор за јавните услуги на локално ниво. Во делот на дигитализацијата нашиот фокус е врз трансформацијате на традиционалните во он-лине услуги на општината. Затоа почнуваме веднаш со работа и реализација на следниве проекти: Online резервација на услуги, олеснет пристап до услугите и ефикасност во работењето, заштеда на времето на граѓаните. Дигитални услуги и дигитална општина (open data систем, твој документ – наша работа и ти си дел од процесот). Изработка на мобилна апликација за плаќање сметки на ЈП Комуналец, ЈП Водовод, ЈП Нискоградба и данок на имот. Изработка на мобилна апликација за лоцирање на слободни паркинг места и наплата на паркинг. Изработка на мобилна апликација за градскиот автобуски сообраќај и купување на билети. Поставување на дигитални автобуски постојки со прикажување на времето на сообраќање од една до друга локација во градот. Проширување на услугите за бесплатен интернет во централното градско подрачје и парковите. Вие, почитувани граѓани, заслужувате да добиете максимално отворена општина, која ќе биде вистински сервис за сите ваши барања и потреби. Новата локална самоуправа, почнува веднаш со дигитализација на општината за да биде поблиску до вас.

More from ВестиMore posts in Вести »