Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски: среќен сум поради враќањето на публиката со чие бодрење одигравме одлично во последната четвртина

Пелистер во Битола, во првото коло од Првата лига го совлада МЗТ Скопје Аеродром, а избраниците на Марјан Илиевски, без повредениот Малешевиќ, славеа со 82:79, по одлично одиграна последна четвртина која го реши натпреварот, кој до тогаш беше изедначен, а двете екипи се менуваа во водството.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по завршување на натпреварот беше задоволен од тоа како одиграа неговите кошаркари, посебно во последниот дел на натпреварот, кога и ги добија, а додаде:-Среќен сум што се вратија гледачите на трибините. Но, мора да напоменам дека мина долго време како ни недостигаа, така што овој грч во кој играа двете екипи е последица токму на тоа. Мислам дека и ни недостигаа повеќе контролни натпревари во подготвителниот период. Сепак, честитки за моите кошаркари, покажаа карактер во последната четвртина, и покрај тоа што не ни одеше шутот и правевме многу грешки. Сепак, покажавме карактер и бодрени од нашите гледачи дојдовме до значајна победа. Верувам дека ќе нè бодрат и на следните натпревари сезонава.

Во 2. коло екипата на Пелистер гостува во Скопје, против Навико Академија ФМП, а потоа патува за Златибор на првиот “балон“ на “АБА2“ лигата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »