Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ и здружението “Бибевски“ потпишаа Меморандум за соработка

Денес во духот на денот кој се одбележува насекаде низ светот, “Поинаку“ и Здружението за заштита на животните и животната средина “Бибевски“, потпишаа Меморандум за соработка, како круна да неколкугодишното заедничко работење.  И двете страни согласни дека иако во предизборната кампања акцентот е ставен на изградба на стационар за бездомни животни, борбата треба да се води на повеќе полиња.

Со Меморандумот покрај досегашните активности, предвидена е и институцинална борба за заштита на животните: Иницирање на постапка за измена и дополнување на постоечкиот Закон за заштита и благосостојба на животните, примена на стратегија за масовна стерилизација, одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни и инволвирање на здружението во управувањето и работењето на стационарите и Зоолошката градина во Битола, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно.

More from ВестиMore posts in Вести »