Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец за напад на продавач и навредување на полицаец, сообраќајни контроли

На  03.10.2021 во 02.00 часот на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишник од Битола затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а претходно и физички нападнал вработен во продавница. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 03.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 26 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 6 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 30 останати  прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »