Денес во духот на денот кој се одбележува насекаде низ светот, “Поинаку“ и Здружението за заштита на животните и животната средина “Бибевски“, потпишаа Меморандум за соработка, како круна да неколкугодишното заедничко работење. И двете страни согласни дека иако во предизборната кампања акцентот е ставен на изградба на стационар за бездомни животни, борбата треба да се води на повеќе полиња.
Со Меморандумот покрај досегашните активности, предвидена е и институцинална борба за заштита на животните: Иницирање на постапка за измена и дополнување на постоечкиот Закон за заштита и благосостојба на животните, примена на стратегија за масовна стерилизација, одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни и инволвирање на здружението во управувањето и работењето на стационарите и Зоолошката градина во Битола, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно.