Press "Enter" to skip to content

Коњановски: наместо Општина која кочи инвестиции во приватното здравство ќе биде на страната на развојот и новите вработувања

-Во време на здравствена криза повеќе од јасно ни е на сите дека здравствените установи и медицинските лица се столбот на заедницата. Тие се гаранцијата на нашето здравје а со тоа и на нашиот живот, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола и додаде:

-Денес ја посетив приватната болница ПЛОДНОСТ која е сериозен регионален здравствен капацитет, и по стручност и по инвестиции во здравството. За жал не секој ја препознава волјата на приватниот сектор за развој и овозможување на нови вработувања. СДСМ не само што не ја препознаа инвестицијата на ПЛОДНОСТ како исклучително важна за здравјето на луѓето во Битола па и пошироко туку сериозно се потрудија истата да ја блокираат.

Мои битолчани, во нашата програма многу прецизно стои: Општина Битола ќе прерасне во “здравствен центар” во регионот и пошироко. Општина Битола има ингеренции, и ветувам дека ова ќе го направиме: ќе дадеме ослободување од комуналии за сите нови инвестиции во здравствени капацитети за период од 4 години кои се во вредност од над 500.000 евра и кои ќе вработуваат над 50 лица со стручно медицинско образование.   Гарантираме дека наместо Општина која ќе ги кочи и ќе ги прави невозможни инвестициите во приватното здравство, Општина на која и требаат години за да издаде решение за градба, ќе раководам со брза и ефикасна локална самоуправа која секогаш ќе биде на страната на развојот и новите вработувања! Ќе работиме со лекарите, со медицинските лица, со инвеститорите за Битола, заедно! Бидејќи за Битола треба да се работи а не од неа да се заработи!  

More from ВестиMore posts in Вести »