Press "Enter" to skip to content

ЛДП-ДОМ, “Одлучно“: еден од постулатите на нашата програма е чист и зелен град

Владе Атанасовски од ЛДП и дел од кандидатите за советници за Советот на Општина Битола одржаа прес-конференција на која зборуваа за зелената агенда, при што рече:

-Движењето ОДЛУЧНО за Промени, во наредниот мандат има намера сериозно да се занимава со заштитата на животната средина. Токму поради тоа, еден од постулатите на нашата програма е чист и зелен град. Во општинскиот буџет ќе одвоиме доволно средства, со кои на училиштата, градинките, и сите други општински институции ќе поставиме фотоволтаици, со кои ќе ја намалиме потрошувачката на електрична енергија, ќе користиме обновливи извори, ќе заштедиме  средства, ќе ја заштитиме животната средина а целокупната инвестиција ќе ја вратиме само за четири години. Изразено во бројки, сметките за  електрична енергија ќе ги  намалиме за 60%, ќе го користиме сонцето, дополнителни 10 проценти ќе продаваме на пазарот за енергија, а инвестицијата не е многу голема, и нема да претставува финансиски товар за општината.

Наш приоритет ќе биде и поставување на енергетско-ефикасни фасади на многу згради во градот. Со тоа ќе извршиме дополнителна заштеда на енергија, и тоа ќе биди наш чекор кон целта која ја нарековме чист и зелен град.   Ова знаеме како да го направиме, затоа што го применивме во Пазари, каде со сопствени средства, инсталиравме фотоволтаици и сериозно го намаливме трошокот за електрична енергија. Енергетско-ефикасната фасада,  новата дограма и ЛЕД осветлувањето се работи кои дадоа дополнителна вредност на работењето на јавното претпријатие. Пазари заслужено го добива епитетот Зелено претпријатие.

Заштедите кои ги направивме, ни овозможија полесно да ја поминеме Корона кризата. ОДЛУЧНО за Промени сериозно пристапи во оваа кампања и подготви многу проекти во интерес на граѓаните. За фотоволтаиците и фасадите цела Битола знае  дека знаеме и  можеме да  направиме.

More from ВестиMore posts in Вести »