Press "Enter" to skip to content

Фото вест: едукативно предавање на Отсекот за превенција во ОУ “Елпида Караманди“

Отсекот за превенција при СВР Битола, Полициската станица од општа надлежност Битола, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, во содејство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, како и претставници од ОБСЕ, беше реализираа едукативно предавање со ученици од прво одделение  во основното училиште „Елпида  Караманди“  од Битола во рамките на проектите на Отсекот: „Полицијата и граѓаните заедно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. 

 Од страна на полициските службеници на учениците во училишниот двор им  беше укажано на основните правила и прописи за учество во сообраќајот како пешаци, беа разгледани полициските возила и беше поделен рекламен  материјал од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и  ОБСЕ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »