Press "Enter" to skip to content

Во Битола премиера на “Беспомошни суштества“ на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод

По повод 9. октомври, Денот на Хрватскиот парламент на новата сцена во Центарот за култура во Битола ќе биде изведена претставата на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, Хрватска “Беспомошни суштества“, базирана на драмите на Антон Павлович Чехов, драматизирана од големиот американски драматург Нил Симон, а во режија на Силвио Стилиновиќ.

-Претставата треба да се разбере како комедија. Чехов напиша „комедија“ за секое негово дело. Така е и ова. Гувернерот, Предлогот и Удавените се делови од оваа претстава во која секој ќе најде дел за смеење, а дел за размислување„, велат од Сатиричниот театар.

Во претставата играат: Тања Медиќ Савиќ, Аленка Владисављевиќ, Силвио Стилиновиќ, Зрино Гусак, Матеј Сафундџиќ( како гостин од професионалниот театар Славонски Бродвеј), Морено Мијатовиќ, Антонио Јуричиќ. Режисер е Силвио Стлиновиќ, асистент на режија Саша Кариќ, костимографија Таја Балаш.

Претставата во Битола ќе биде и премиера на „Беспомошни суштества“, како дел од  15 -та сезона на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод.

Гостувањето на сатиричниот театар од Хрватска е во организација на МХД.Хрватски културен центар Марко Марулиќ, Битола, во соработка со оштина Битола и Центар за култура.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »