Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди

Денес, среда, 6 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, четврток, 7 октомври, во Битола времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2), проследени со повремено засилен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 13 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »