Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни, 10 оздравени, 2 починати лица од ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19 од кои од Битола се 17.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од Битола се 10.

Во Битола до сега 7.143 позитивни на ковид-19, а активни се 245 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од кои 2 починати лица се од Битола на возраст од 63 и 80 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 61 и “Плодност“ 29 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.