Press "Enter" to skip to content

Краткиот филм “Јас успеав можеш и ти“ промовиран во Битола (фотогалерија)

Синоќа, во Малата сала на Центарот за култура во Битола се одржи промоцијата на краткиот филм “Јас успеав можеш и ти“ како дел од кампањата на Преда плус фондацијата за подигнување на јавната свест за поголемо вклучување на ромски деца во образованието.Емотивен краток филм, за тоа како се може, ако се сака. Реални приказни пресликани низ зборови, поттик за новите генерации да направат и повеќе…Кампањата започна во месец септември со доделување на ранци и школски прибор за сите запишани првачиња во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” од Битола и продолжува со споделување и промовирање на позитивни лични приказни на успешни млади луѓе од ромската заедница кои преку своето делување прават позитивни промени во заедницата.На почетокот на кампањата бројот на запишина ромски деца во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” беше само 37% од евидентираните првачиња од ромска националност.Денес, на почеток на октомври запишани се 70% од евидентираните првачиња од ромската националност.Кампањата се реализира како дел од настаните за подигање на јавна свест во склоп на проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.Наскоро ќе најавиме он-лајн премиера на краткиот филм и емитување на национална ТВ станица, е пораката која беше упатена на завршувањето на промоцијата на краткиот филм.

More from ВестиMore posts in Вести »