Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: да нема погрешна слика за немањето на вода на некои улици, ние не сме изведувачи на работите

За да не се создава погрешна слика за работата на претпријатието, ЈКП “Водовод“ од  Битола ги информира граѓаните дека фазите на реконструкција на водоводна мрежа на улиците : “Ари Ангелевски“, “Цане Василев“ и “Втори Август“ ги изведуваат приватни фирми, кои согласно договорите со Општина Битола треба да ја следат динамиката на изведба.

Оттука, се оградуваме за сите планирани застои во водоснабдувањето за кои навремено не сте информирани.

ЈКП “Водовод“ Битола
More from ВестиMore posts in Вести »