Press "Enter" to skip to content

Во Битола 6 нови позитивни на ковид-19, оздравени 10, активни случаи 242

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 6.

Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од кои од Битола се 10.

До сега во Битола има 7.150 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни 242 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 52 и преку “Плодност“ 24 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.

More from ВестиMore posts in Вести »