Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на збратимено Цетиње во прва официјална посета на Битола

Речиси една година по збратимувањето по електронски пат на Општина Битола и Престолнината Цетиње од Црна Гора, двајцата градоначалници Наташа Петровска и Александар Кашќелан, како што си ветија, остварија средба и за прв пат се ракуваа како челници на двата збратимени градови.-Ми претставува вистинско задоволство што денеска го имаме како гостин првиот човек на престолнината Цетиње, Александар Кашќелан, со кого минатата година покажавме дека нема непремостливи препреки, кога има добра волја да направиме нешто за своите градови. Минатата година точно на празникот на нашиот град, успевме да се збогатиме со збратимувањето на двете локални самоуправи. Денес ја имаме таа привилегија да тоа на некој начин го доофицијализираме, односно имаме можноста да се ракуваме, покрај тоа што минатата година го направивме виртуелно, но и да дискутираме за се она што двете локални самоуправи можат да го направат  за своите граѓани, во делот на културата, образованието и туризмот, но и во делот на сето она што значи душата на двата града, затоа што она што е карактеристично за двата града е што носат душа на своите држави. Зборувавме не само за областите каде може да соработуваме, туку и каде сето тоа можеме да го операционализираме со конкретни активности и конкретни чекори, за да навистина, како што како што кажа почитуваниот мој колега, да не остане тоа само на парче хартија, туку на нешто што ќе даде реални можности.На средбата беше зборувано за размена на ученици, за можноста црногорските деца да се најдат во друштво со останатите деца кои престојуваат во нашиот град во рамките на манифестацијата “Мал битолски Монмартр“, двата градови да реализираат активности кои што ќе дадат прилика да бизнис заедниците од двете средини имаат средби и ги пласираат своите можности за соработка и пласман на своите производи.-Со Битола не поврзува не само збратимувањето, туку и и силни историски и културни врски, бројни пријателства и семејни односи. Не поврзува и заедничката европска перспектива , но и сите политички цели, кои се засновани на меѓусебно почитување, доверба и определба да ги градиме  нашите  градови и држави како заедници на граѓаните. Со почитуваната градоначалничка Петровска, се сретнавме на една работна средба во Скопје, пред неполни  две години и брзо се договоривме врската меѓу двата града да ја подигнеме на повисоко ниво.  Меморандумот за збратимување го потпишавме на 4 Ноември минатата година, кога ветивме дека нема да остане мртво слово на хартија. Денешната средба е потврда дека ветувањето го исполнивме и со нов ентузијазам ја продолжуваме  соработката, рече Александар Кашќелан.Двата градобачаници разговараа и за можноста за соработка и заедничко аплицирање на проекти за средства кои од претпристапните инструменти ги обезбедува ЕУ,  за младинските политики и младите, нивните вклучувања во носење  одлуки, како и за соработката во образованието, размена на ученици и студенти, како и соработката во сите области  на интерес  да ги конкретизираме  низ планови на активности кои ќе усогласиме со примена на непосредна соработка на надлежните служби во двата града. Градоначалниците разменија и пригодни подароци. Петровска на Кашжелан му подари икона од заштитникот на градот, подобниот Св. Нектариј Битолски и монографија за античкиот локалитет Хераклеја, додека пак Кашжелан и подари на Петровска скулптура од основачот на градот Цетиње, Иван Црнојевиќ. Во црногорската делегација беа и амбасадорката на Црна Гора во земјава Марија Петровиќ, почесниот конзул на Црна Гора во Битола Мики Андријашевиќ и други претставници.

More from ВестиMore posts in Вести »