Press "Enter" to skip to content

Коњановски: гарантираме нова современа противпожарна зграда во Битола

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, зборуваше за противпожарната единица на Битола, при што рече:

-Луѓето кои се грижат секојдневно, кои го ризикуваат својот живот за нашето здравје, за нашата безбедност, за нашите домови заслужуваат најсовремени услови за работа. Битолските пожарникари заслужуваат современа зграда по сите стандарди за противпожарна дејност, заслужуваат опрема и лични заштитни одела за сигурност при гаснењето пожари. Ви ветувам дека ќе изградиме нов објект – современа противпожарна станица, во кругот на Касарната, опременa по сите светски стандарди и дека ќе набавиме нова заштитна опрема за битолските пожарникари, интервентни одела за пожарникарите во ТППЕ Битола, како и набавка на две возила за справување со шумски пожари со цел заштита на НП Пелистер.  Нема да дозволиме луѓето кои го ризикуваат својот живот да работат во субстандардни услови. Нема да дозволиме да се повторат сцените од ова лето во беровско кога пожарникарите со лопати се бореа против огнената стихија.

Пожарникарите се херои и ја имаат мојата најголема почит. Дополнително, во разговорите со нив додека се подготвуваше програмата се договоривме да дадеме максимална поддршка на сите доброволни противпожарни друштва и волонтери, како и обезбедување услови за нивно функционирање. Тоа ќе значи унапредување и зајакнување на доброволното пожарникарство, преку редовни обуки на доброволците пожарникари, како и континуирана кампања за подигнување на свеста за заштита особено од шумски пожари. Да се вклучиме сите битолчани во зачувувањето на природата од пожари и свесно да си го чуваме градот! 

More from ВестиMore posts in Вести »