Press "Enter" to skip to content

Милевски на трибина за долгорочна перспектива на Битола

Кандидатот за градоначалник Горан Милевски со дел од кандидатите за  советници на коалицијата “Одлучно“ одржаа јавна трибина на тема: За спроведлива, стабилна и долгорочна градска перспектива на Битола.

На трибината активно учествуваа голем број на архитекти и градежници, кои дадоа свој предлози за понатамошниот развој на градот.Беа донесени неколку заклучоци од кои најважни се: неопходност од донесување на нов генерален урбанистички план, учество на стручната фела во носењето на урбанистичките планови и во сите области во кои може да биде од помош, недозволиво е одредени планови да се влечкаат низ администрација по неколку години и да немаат завршеток. 

Милевски истакна дека зборот на стручните лица мора да се почитува, дека секој вработен ќе добие рокови до кога некоја работа треба да се заврши,  и дека партиципативното тело за урбанизам мора да се зголеми си сите оние  кои сакаат да учествуваат во него.
More from ВестиMore posts in Вести »