Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ на вториот фудбалски камп “животни шампиони“ (фото+видео)

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола како дел од проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“ кој е наменет за фудбалските тренери за здобивање на нови и корисни знаења за работата со деца и млади како и за младите фудбалери заедно со уште 130 нови деца и тренери учествуваше на вториот регионалниот камп кој овој пат се одржа на Палиќ, Суботица, а претходно дел од организаторите беа и во Битола. На четиридневниот регионален камп покрај тренерите и фудбалерите на Пелистер, генерација 2007 учествуваа и работници од спортскиот, младинскиот и образовниот сектор како и останатите локалните фудбалски клубови.

На кампот на Палиќ му претходеше собир со ист формат на Златибор во јуни, како и семинар за тренери во Добој во февруари, што значи дека семејството на „животни шампони“ сега се состои од речиси 400 деца од Белградски Графичар, Слога на Добој, Сараево Железничар, битолски Пелистер, Горица – Хрватска и Марибор – Словенија. На Палиќ покрај бројните активности: истражување и професионална работа за развој на модули за обука, обука на фудбалски тренери како и примена на стекнатите знаења во клубовите од кои што доаѓаат фудбалските тренери.ФК Пелистер имаше и пријателски натпревар со младите фудбалери од ФК Спартак од Суботица каде младите пелистерци издвојуваа победа.-Целта на кампот и овојпат беше да се придонесе не само во стекнување на нови знаења и охрабрување на регионалната соработка, солидарност и фер игра, туку и да им овозможи на младите фудбалери кои тренираат во клубовите да присуствуваат на бесплатни активности  како и да добијат комплет опрема како подарок, ни изјави координаторот за Македонија – Гордана Цветковска Бошевска, и додаде:Воедно се заблагодари на големиот број на Фудбалски идоли кои дадоа поддршка за организацијата на кампот, а меѓу нив овој пат беше и нашата капитенка на македонската женска фудбалска репрезентација Наташа Андонова и српскиот репрезентативец Немања Матиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »