Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“: на Битола и е потребна културна рапсодија

-Културниот центар на Балканот, градот на конзулите, пајтоните, градот на Манаки, градот кој пулсира и живее за фестивали, концерти, претстави, изложби, за манифестации за сечиј вкус, треба и мора да доживее културна рапсодија, велат од “Поинаку“ и додаваат.

-Културата во Битола преживува, на уметниците им треба поголем простор за експресија, им треба можност да се покажат и докажат во она што најдобро го прават, а тоа значи дека треба да имаме широк дијапазон на настани. На Битола и требаат културни збиднувања за сите генерации и вкусови, почнувајќи од најмладите. Градски театар за деца и млади, кој ќе работи во склоп на Културно-информативниот центар Битола, најмладите да имаат можност редовно да уживаат во театарски претстави. Камерен оркестар кој ќе направи спој на класичното и модерното, кој ќе има свои уникатни концерти, но ќе биде и музичка поддршка на голем број културни настани. Балкански „Stand up“ фестивал или Мајтап фест, оти битолски и кабадајски е да си напрајш мајтап на Широк сокак или пак низ чаршија. Битола со ваков фестивал би била домаќин на голем број мајтапџии од Балканот.

Битолската културна рапсодија која ние како „Поинаку“ ја имаме предвидена во нашата програма ќе опфаќа и обновување на градскиот Фестивал „Серенада на Широк сокак“, организирање на техно журки, Баскер уличен перформанс, формирање на „Конзулски совет“, промоција на фолклорните друштва и амсамбли, како и поддршка на сликарите.

More from ВестиMore posts in Вести »