Press "Enter" to skip to content

После 10 години “Стрежево” набави нови градежни машини

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола, со сопствени средства набави две нови градежни машини од реномираната англиска фирма “JCB” во вредност од околу 12.000.000,00 денари. Со реализацијата на оваа инвестиција се придонесува во обезбедување на подобар квалитет на услуги, поефикасно и порентабилно работење и значително поадекватна реализација на активностите во основните дејности на претпријатието.-Со набавката на новите градежни машини исполнуваме уште еден дел од планираните активности во однос на обнова на механизацијата, со цел зголемување на мобилноста на екипите во сите сегменти на работење на претпријатието, а првенствено за потребите на Деталната цевководна мрежа, Главниот и собирниот канал, Браната и Ски-центарот “Нижеполе“. Набавивме и агрегат за струја за теренска работа на техничките сектори, вели Менде Граматковски, директор на “Стрежево“.

Како и до сега и со набавката на овие градежни машини “Стрежево“ ги подобрува условите за работа, вложува во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал што го поседува, и работи посветено за постојано подобрување на квалитетот на своите услуги во интерес на граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »