Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ограбено казино на “Прилепска“, физички напади, каснување од куче скитник, 21 возач ја пречекориле брзината

На 07.10.2021 во 01.25 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул „Прилепска” во Битола едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.10.2021 во СВР Битола, Н.М. (43) од Битола пријавила дека на ул. „Охридска“ во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.10.2021 во СВР Битола, К.Н. од Битола пријавил дека на ул. „Рашанец” во Битола тој и неговата сопруга Р.Н. биле каснати од кучиња скитници. 

На 06.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 23 мерки против возачи, од кои 21 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 2 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »