Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски: докажавме дека може да се работи, чесно, поштено, без криминал, за граѓаните, а не за џебот

Досегашниот претседател на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, кој е и носител на советничката листа на ЛДП и ДОМ – “Одлучно“ со дел од кандидатите за советници одржа прес-конференција на која се осврна на рабоата на досегашниот Совет кој го водеше и рече:

-Во изминатите четири години, благодарејќи на Вашите гласови го предводев советот на Општина Битола. На крајот на мандатот и пред почетокот на мандатот на новиот совет мислам дека треба да дадам едно мое мислење  за тоа што направивме во овие четири години. Учествувавме во враќањето на сјајот на Офицерски, обезбедивме средства за изградба на стадионот, ја изгласавме ракометната платформа и го создадовме Еурофарм Пелистер, кога беше најтешко му помагавме на фудбалскиот клуб, а 100% сме сопственици на кошаркарскиот клуб.  Нова дограма на спортската сала, ограда на Ќумурно и земјоделско Обезбедивме пари за реконструкција на Илинденска и Партизанска, на Борис Кидриќ и Рузвелтова, на Крушевска република и Пробиштип, на Градскиот пазар и Широка. Направени патиштата за Барешани, Буково, Нижеполе, Братиндол, Обиколницата, Бистрица, Кукуречани.Нови игралишта во Тодор Ангелевски, Кирил и Методиј, на Тепсија, а наскоро и гумена подлога во Коле Канински. Субвенциониравме над 1000 велосипеди, 2500 клими, печки на пелети, за прв пат донесовме програма за Заштита на животната средина. Градот е сега осветлен со ново ЛЕД осветлување и овој совет донесе одлука, јавно претпријатие да го прави тоа, и парите да остануваат тука, а не по приватните џебови.

Во овој период докажавме дека може да се работи, чесно, поштено, без криминал, за граѓаните, а не за џебот, а така имаме намера да продолжиме и во иднина. Свесен сум дека секогаш може и повеќе и подобро и затоа во новиот совет за советниците на ОДЛУЧНО првостепен интерес ќе биде градот, а не џебот.

Сакам Битола да биде чист град, да бидеме зелен град, да ја подигнеме свеста за заштита на животната средина и да го наградуваме секој оној кој тоа го прави. Чистиот воздух е тема која ние ја отворивме. Мило ќе ми биде ако ние и ја затвориме. За загадувачите без милост и со жестоки казни. Општината мора да ја отвориме кон бизнисот,  да бидеме ориентирани  кон стопанството и да бидеме партнери во тој дел. Школските дворови да ги модернизираме, гумени подлоги насекаде, асфалтот да го направиме минато. Мораме да  почнеме да го решаваме проблемот со кучињата скитници. Начини има, пари има, треба само да бидеме брзи и оперативни. Пелистер оној планинскиот и оној спортскиот се слабост на секој битолчанец. И за едниот и за другиот не смееме да  покажеме незаинтересираност и малодушност. Мораме да бидеме енергични и   веќе детектираните проблеми итно да ги надминеме. Знаеме кои се и имаме решенија.

More from ВестиMore posts in Вести »