Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 18 нови позитивни на ковид, оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи со Ковид-19, од нив во Битола се 18.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од Битола се 13.

До сега во Битола има 7.168 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 246 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 71 и преку “Плодност“ 47 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 194.231, бројот на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а на активни случаи изнесува 10.625.

More from ВестиMore posts in Вести »