Press "Enter" to skip to content

Коњановски: гарантираме изградба на атлетска тартан патека на градскиот стадион во Битола! 

-Спортот е многу важен за здравјето и духот на секој човек. Спортот е многу повеќе од физичка активност. Спортот е начин на живот! Ветувам дека посветено, со стручен тим, ќе ги искористиме умно, постојните ресурси, ќе ги споиме со новите иницијативи, за да ја постигнеме крајната цел – врвен спорт за сите во Општина Битола, рече кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, на средбата со спортистите додаде:

-Со програмата гарантираме изградба на мултифункционален спортски центар, каков што Битола заслужува, подобрување на спортската инфраструктура и на условите  за спортување, изградба на современи патеки за трчање и атлетска тартан патека на градскиот стадион во Битола за тренинг на атлетичарите и организација на национални првенства и купови, како и меѓународни натпревари, понатаму изградба на скејт парк, голема отворена фитнес зона, како и подадена рака и поддршка за локалните спортски клубови. Посебен фокус во нашата програма е ставен врз младите, затоа во програмата се предвидени изградба и реконструкција на училишни спортски сали, поддршка на младинските спортски школи, унапредување на училишниот спорт, подобрување на условите за спортување на младите. Создаваме нова иднина, иднина во која приоритет се нашите деца!  Битола и посветената битолска спортска публика заслужуваат врвен спорт во Битола! 

More from ВестиMore posts in Вести »