Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ за катни гаражи, безбеден пат до училишта, ден без автомобили…

Сообраќајниот хаос веќе многу долг период е секојдневие за битолчани, пристигнување на посакуваната локација и правилно паркирање во Битола е речиси невозможна мисија. И покрај тоа што паркинзите во градот, наводно се уредени, тоа ни најмалку не го реши овој проблем. Во Битола се регистрирани 28.000 илјади возила, а има околу 2.500 паркинг места, поради што итна е потребата за поставување и изградба на монтажни и тврди катни гаражи, што ќе доведе и до ослободување на тротоарите и зелените површини во центарот на градот.

Уште еден од проблемите на сообраќајниот хаос е пристапот до образовните и воспитните установи. Со почетокот на учебната година секојдневно сме сведоци на сообраќаен хаос во близина на училиштата, а речиси сите училишта и градинки во Битола излегуваат на фреквентни улици, со што децата се изложени на огромен ризик и нивната безбедност е доведена во прашање. За секојдневен безбеден пат на децата, неопхоно е поставување на специјална светлосна и звучна сигнализација (хоризонтална и вертикална) пред сите средни, основни училишта и градинки.

Но пред се, граѓаните треба да се мотивираат помалку да ги користат автомобилите, а само како еден мал чекор кон тоа би била организацијата на Ден без автомобили со што би се испратила порака да се користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.

More from ВестиMore posts in Вести »