Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: групна тепачка, битолчанец повреден во физички напад, сообраќајни контроли

На 07.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Св.Нектариј Битолски” во Битола, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 27, 20 и 29, од една страна и две лица од руга од друга страна, сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.10.2021 во СВР Битола, од Клиничка Болница Битола било пријавено дека кај нив помош побарал 51 годишник  од Битола, кој се здобил со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 11 мерки, од кои 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 4 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови  прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »