Press "Enter" to skip to content

Во Битола 13 нови позитивни на ковид-19, оздравени 6 лица

Во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола се 13.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од  Битола се 6 лица.

Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати, од нив од Битола се 48 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.319.879 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967

More from ВестиMore posts in Вести »