Press "Enter" to skip to content

Втора победа во второто коло на кошаркарите на Пелистер

Академија ФМП – Пелистер 69:89

Кошаркарите на Пелистер од Битола гостуваа во Скопје, во Кисела Вода, во салата “Независна Македонија“ во рамките второто коло од Првата лига и убедливо славеа против екипата на Академија ФМП со резултат 66:89. Тимот од Битола одигра доминантно, а со тоа во целост ја имаа контролата во играта.

Од почетокот “пелистерци“ наметнаа силно темпо и со добар шут и уште подобра одбрана,  по резултатот на почетокот на натпреварот 10:12, во средината на првата четвртина имаше  двоцифрено водство 10:21.  До крајот на првата четвртина, разликата на семафорот достигна и 15 поени (11:26). И во втората четвртина “пелистерци“ продолжија со високото водство, а на полувремето беше 33:47.

Третиот квартал беше на страната на Академија ФМП чии кошаркари се вратија во игра и  намалија на -4 (57:61). Последните десет минути во тимот на Пелистер играа најдобрите и забележаа висока победа изразена со +23, или конечни 66:89.

Најефикасен кај Пелистер Кесар со 19 поени, Младеновиќ со 13 и Караџовски со 14 поени. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »