Press "Enter" to skip to content

Денот на Хрватскиот парламент во Битола одбележан со премиера на “Беспомошни суштества“ на театарот од Славонски брод (фотогалерија)

Вечерва, во Битола, по повод 9. октомври, Денот на Хрватскиот парламент на “Новата сцена“ на народниот театар од Битола, беше изведена премиерата на “Беспомошни суштества“,а целиот настан беше во организација на Македонско Хрватското друштво Марко Марулиќ Битола и неуморниот Бранко Маретиќ, кој пред почетокот на претставата одржа пригодна реч.-Денес во Битола, со изведба на претстава на гостите од Хрватска, Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, го одбележуваме 8. Октомври, денот кога хрватскиот Парламент донесе едногласна одлука за раскинување на сите врски со бившата СФРЈ или ден на Хрвстскиот парламент. Ги поздравувам гостите, а на сите Хрвати им го честитам денот на Хрватскиот парламент. Посебно сакам да ги поздравам и да им се заблагодарам на сите кои во изминатиот период ни помагаат да ги одбележуваме посебните датуми, значајни за Хрватска, рече Бранко Маретиќ и додаде:-Претставата која ќе се гледаме вечерва во изведба на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, ќе биде посебна бидејќи таа е нивна премиера, а со тоа што тоа го прават во Битола, за нас е посебна чест.Претставата е базирана на драмите на Антон Павлович Чехов, драматизирана од големиот американски драматург Нил Симон, а во режија на Силвио Стилиновиќ.-Претставата треба да се разбере како комедија. Чехов напиша „комедија“ за секое негово дело. Така е и ова. Гувернерот, Предлогот и Удавените се делови од оваа претстава во која секој ќе најде дел за смеење, а дел за размислување, велат од Сатиричниот театар.Во претставата играат: Тања Медиќ Савиќ, Аленка Владисављевиќ, Силвио Стилиновиќ, Зрино Гусак, Матеј Сафундџиќ (како гостин од професионалниот театар Славонски Бродвеј), Морено Мијатовиќ, Антонио Јуричиќ. Режисер е Силвио Стлиновиќ, асистент на режија Саша Кариќ, костимографија на Таја Балаш.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »