Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола се враќа со победа од Охрид

Охрид – Еурофарм Пелистер 25:27 (15:14)

Во рамките на 6. коло екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, го победи на гостување Охрид 25:27, полувреме 15:14.

“Пелистерци“ дојдаа до бодовите со подобрата игра во финишот од вториот дел и пред се благодарение на голманот Марко Кизиќ кој се разбрани кога беше најпотребно.

Натпреварот започна во знак на охриѓани кои имаа водство 6:4 во 10. минута, а потоа дојдоа на +3 (11:8). Пелистер со мини-серија полувреме отиде со негатива од еден гол, 15:14, а Периќ имаше максималан учинок, 6 гола од 6 удари.

Битолчани изедначија на стартот на вториот дел (17:17), а потоа имаа и прва предност (17:18). Потоа следуваа минути на битолчани за 20:23.

Во завршните десет минути, Еурофарм Пелистер ја чуваше предноста, а Охрид дојде до -1 (24:25). Во 58. минута Пелистер имаше водство од два гола (24:26), а потоа охриѓани се вратија на -1. Во последната минута Табоада погоди за победа 25:27.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »