Press "Enter" to skip to content

Илиевска: иницијатива за регионален шелтер центар за жени – жтрви на семејно насилство

Габриела Илиевска, носител на листата за советници од “Поинаку“ се осврна на идејата за заштита на жените од семејно насилство и рече:

-Еден од моите неостварени проекти во изминатите 4 години како советник беше регионален шелтер центар за жени – жтрви на семејно насилство. Иако бев и претседател на комисијата за еднакви можности, иако безброј пати побарав поддршка за да го реализираме, истиот остана само на хартија. Немав поддршка ни од колегите советници од власта, ни од градоначалникот иако беше жена. Затоа во следниот мандат повторно овој проект за мене ќе биде приоритет бидејќи знам дека можи да се реализира.

Преку соработка на градоначалниците и комисиите за еднакви можности на ЕЛС (единици на локална самоуправа )  – општините од Пелагонискиот регион, ќе започнеме иницијатива за формирање на ваков вид на Шелтер центар. Овој проект ќе биде реализиран во пракса, по пат на соработка меѓу ЕЛС – општините, со склучување на посебен меѓуопштински договор, во кој ќе се прецизираат деталите за основање и работа на Центарот (буџет, локација, човечки и материјални ресурси и останато ). Битола заслужува да биде носител на еден ваков проект бидејќи има услови, буџет и невладин сектор кој можи да го оствари.

More from ВестиMore posts in Вести »