Press "Enter" to skip to content

Коалицијата “Одлучно“ ветува стабилна и долгорочна градска перспектива

-Коалицијата “Одлучно“ за промени, ветува создавање на услови за стабилна и долгорочна градска перспектива, почнувајќи од јасна и спроведлива стратегија за одржли урбан развој и навреме донесени квалитетни и спроведливи урбанистички планови, кои првенствено и задолжително ќе го штитат јавниот интерес и ќе продуцираат економска и социјална кохезија и заштита на нашето природно и изградено окружување, а приватниот интерес ќе го обезбедуваат согласно закон, рече кандидатот за советник, Анастасија Трајковска, и додаде:

-Наша заложба не е само донесување на ГУП, кој за жал стана најкористеното популистичко ветување веке една деценија, како и донесување на нови и синхронизирање на постоечките ДУПланови и урбанистичките планови за селата од нашата општина. Туку тоа да се направи во законски предвидениот рок од 36 месеци за донесување на ГУП, и 18 месеци за пооделните ДУП, користејќи ја законската можност за обединети постапки.  Добро е да се знае дека вредноста на работите од урбанистичкото планирање е определена со тарифник и според овој тарифник, за град со проекција од 80.000ж., на подтачје од околу 2.500ха, и сложеност поради загадувањето на воздухот и постоењето на културно наследство од особено значење ГУП би коштал околу 500.000, еу. 

Она што сакаме да го нагласиме е дека со цел да се подигне нивото на урбанистичко планирање во нашиот град, ќе овозможиме партиципативен и транспарентен пристап во урбаните развојни процеси и тоа на сите засегнати страни кои имаат удел во иницирањето, изготвувањето и донесувањето на урбанистичките планови. Целосно ќе ја поддржиме стручната фела поврзана со урбанизмот и нивните заложби и спремност за нејзино стручно интегрирање во урбаното планирање на градот ветувајќи дека во комисијата за урбанизам ќе ротираат сите овластени урбанисти и архитекти од нашиот град, а партиципативното тело ќе биде отворено за сите граѓани, односно граѓанскиот и невладиниот сектор кои сакааат да се вклучат, учествуваат и придонесат во урбаното планирање.

Исто така, со цел да го зголемиме квалитетот на урбанистичките планови, ветуваме дека ќе се направат напори да се изнајде начин во нивната изработка, особено на долгоочекуваниот ГУП, да земат учество представници од сите лиценцирани урбанистички куќи во Битола, како и урбанистите кои учествувале во изработката на предходниот ГУП. Во контектс на ова, ќе додадеме дека скаде каде ќе согледам потреба, особено за сложените и значајни подрачја, ќе ја искористиме законската можноста за распишување на јавен конкурс за урбанистичко – архитектонско решение.

Ќе ја цениме и стимулираме секоја приватна инвестиција, без разлика дали се однесува на стопанство, туризам, здравство, образобание, спорт, домување, обезбедувајќи им на инвеститорите добивање на потребните дозволи во законски предвидените роковии  како и навремено поставување на потребната инфраструктура соодветно на нивните потреби.

Затоа ветуваме континуирано следење и отчетност на постапките за донесување на урбанистичките планови и добивање на одобренија за градба, како и континуирано следење на спроведувањето и реализацијата на плановите, и извештаи од состојбата во просторот, како база за идните стратегии за одржлив развој во наредниот период. A тековното одржување на нашиот град ќе ни биде секојдневие, не индикатор за нашиот успех.

More from ВестиMore posts in Вести »