Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер отпатуваа за Златибор на првиот “балон“ од АБА2 лигата

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола за прв пат во АБА2 лигата ги започнува настапите, а првиот “балон“ на кој ќе настапат “пелистерци“ ќе се одржи на Златибор. Екипата на Пелистер вечерва од Битола отпатува за Србија, а со тоа ќе се запише во историјата на битолската кошарка, како прв настап во оваа регионална лига и секако на меѓународна сцена.

За ова натпреваруваат и во АБА2 лигата во следните денови, на првиот годинашен “балон“ во овосезонското регионално натпреварување, тренерот Марјан Илиевски на располагање ќе го има најсилниот состав. За Златибор отпатува и српскиот бек Никола Мелешевиќ.

Пелистерци утре и в среда наутро ќе тренираат во Златибор, додека своето деби во АБА2 лигата ќе го имаат в среда против Ловќен Цетиње, со почеток од 15:00 часот.

Официјални тренинзи: вторник (12 октомври) – 14:00 – 15:30 часот и среда (13 октомври) – 09:30 – 10:15 часот

Прв официјален натпревар: среда (13 октомври) – 15:00 часот, Пелистер – Ловќен Цетиње
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »