Press "Enter" to skip to content

Коњановски: ќе создадеме услови младите да останат во Битола

-Во минатото младите ја напуштале Битола за парче леб, денес младите ја напуштаат Битола за парче почит и зрно надеж за поквалитетен живот, затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе создаваат услови младите да останат во Битола, изјави кандидатот за градоначалник Тони Коњановски.

Според Коњановски, денес младите се иселуваат заради секојдневни неправди.

– Неправдите на младите им се случуваат насекаде почнувајќи од образовниот процес, шансите за еднакво оценување и запишување на факултет, шансите за еднаков третман при вработување се до интернет просторот каде се целосно незаштитени и оставени на нападите на секакви предатори. Со само една објава на интернет некој може да формира ваква или онаква т.н „соба” и засекогаш да уништи стотици млади животи. Денес младите се исселуваат бидејќи правната држава не функционира, а тие се оставени без заштита и шанса за праведна иднина, истакна Коњановски.

На прес-конференција во Битола, Коњановски посочи дека Општината во изминатите четири години комплетно го блокирала развојот на локалниот бизнис и дирекно ги запрела новите стручни работни места.

– Денес младите во Битола не само што немаат културно-спортска понуда за квалитетно слободно време туку немаат ни право на иницијатива да се самоорганизираат и да го остварат својот креативен потенцијал. Денес во Битола, културните лета се креирани од администрацијата, наместо од стручните луѓе во културата. Гарантираме заштита за секој млад човек, да се чувствува безбедно на училиште, на улица и во интернет просторот. Гарантираме силна и конкретна поддршка за локалниот бизнис за да се отворат нови работни места за младите. Гарантираме отворена општина, заедно да ја креираме понудата на културни настани за младите. Гарантираме нов мултифункционален спортски центар со интересни соджини што одговараат на времето во кое живееме. Гарантираме вработување на најдобрите битолски студенти и нивно вклучување во реализацијата на развојната визија за Битола, изјави Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »