Press "Enter" to skip to content

Предавање за наставници и родители на тема “Препознавање на промените во однесувањето кај децата жртви на насислство и насилници“

Во рамки на Програмата за 2021 година на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола (ОСПДПБ), во соработка со Здружението за еднакви можности СЕМПЕР  во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола се  одржаа  предавање „Препознавање на промените во однесувањето кај децата жртва на насилство и насилници“  во кое учество со дискусија зедоз  40 наставниците и 40 родителите од ОУ „Даме Груев“ и СОМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола.

Претседавачот на ОСПДПБ, Марија Филиповска, истакна дека предавањето беше  во рамки на Програмата за превенции на ОСПДПБ за 2021 година која е  проектна идеја на членови  на ОСПДПБ  психолозите Жанета Ристевска ОУ. Св. Кирил и Методиј“,  Лидија Споа „Гимназија Јосип Броз Тито“ професор Гордана Османли  од средно медицинско училиште „Јован Калаузи“,  Билјана Додовска Ѓеорѓиев потпретседател на советот. Таа ја истакна целта на предавањето и значјаната улога на превенција, да се подигне свеста кај наставниците и родителите за нивната клучна улога во препознавањето на првите знаци кои децата жртви и децета насилници ги манифестираат во нивното однесување.Предавач на предавањето  д-р Ѕала Бојкоска  појасни кои видови на насилство постојат со посебен освт на меѓуврсничко насилство. Исто така беше истакнато кои се знаците и симптомите, односно промените во однесувањето кои се јавуваат кај децата жртва на насилство и децата насилници, како навремено да се препознаат, кои се можните последици од истото и начини за разрешување и постапување во вакви ситуации.

На крајот на предавањето се отвори дискусија на примери од практиката на наставниците и родителите, и прашања како да се постапува во конкретни ситуации.

Во рамки на програмата за Превенции на ОСПДОБ за 2021 година се продолжуваат активности на различни теми во основни и средни училиште меѓу ученици.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »