Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во два пожари опожарени “цитроен“, “мерцедес“ и веспа “априлија“

На 10.10.2021 во 13.30 часот во СВР Битола било пријавено дека  настанал пожар во патничко возило „цитроен ц3“, со битолски регистарски ознаки, сопственост на 60 годишник од Битола. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
 
 
На 11.10.2021 во 02.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во Битола со употреба на сила било влезено во гаража, при што настанал пожар на патничко возило „мерцедес“, сопственост на 52 годишник од Битола, веспа „априлија“, сопственост на неговиот син, и двете со битолски регистарски ознаки, како и лимена монтажна гаража. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.