Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе во Битола одбележани 80 години од Народното востание (фотогалерија)

Со полагање на цвеќе на споменикот на Националната борба, на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола, се одбележаа 80 години и почетокот на востанието на 11 октомври во Прилеп и Куманово од тогашниот фашистички окупатор, еден од најзначајните датуми во македонската историја.Свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Форум на пензионери од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за овој јубилеј рече:-Празниците се значајни најмалку за два работи: прво, да се потсетиме и да им оддадеме почит на оние кои што се заслужни за сето ова што го имаме, а второто е тоа да се присетиме себеси дека се во животот е избор. Избор имаме и во нашате денешница, за нашата битка, за нашата ботба, која што треба да претставува продолжување на негување на вредснотите за кои се бореле нашите предци во минатото. Не би сакала повеќе да должам во овие прилики, освен да посочам дека сите ние навистина треба да оддадеме длабока почит кон оние кои што ги дале своите животи за да бидеме денес ние овде, но и со нашето делување да ја продолжиме нивната битка.Валентин Груевскик, претседател на Советот на Општина Битола по полагањето на цвеќе рече:-Денес е голем ден за македонскиот народ, ден кога се навршуваат 80 години од еден од најславните датуми на македонската историја, денот кога започна народно ослободителната војна против фашистичкиот окупатор. Ние го славиме но го имаме и аманетот, а тоа е да ги продолжиме традициите на луѓето кои беа храбри, кои тогаш се одважија и го кренаа гласот против окупацијата на Македонија. Должни сме да ги продолжиме нивните дела и Македонија да ја оставиме на идините генерации.Во  име на СДСМ цвеќе положи, Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола, кој рече:-На сите граѓани им го честитам 11-ти октомври, денот првенец на сенародната борба за слобода и правда. Денот кога започна остварувањето на големиот македонски сон – сопствена држава и државност! Чествувајќи го споменот на загинатите борци во НОБ, денеска славиме 80 години од почетокот на народното антифашистичко востание, 80 години борба за слобода и човекови права. Благодарение на тоа денес живееме во независна и суверена држава! МАКЕДОНСКИОТ ПАТ Е ПРОГРЕСИВЕН! Нашата држава е земја членка на НАТО алијансата во која слободата и демократијата се основен постулат. Но, ова исто така е и време во кое преземаме целосна одговорност за сегашноста, но и за иднината во која ќе живеат нашите деца, идните генерации.Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ка предводеше Тони Коњановски, кој е и кандидат за градоначалник на Битола, кој рече:-Пред 80 години македонскиот народ се крена во борбата за ослободување на Македонија, затоа 11 октомври е еден од најзначајните датуми во нашето историско постоење.  Антифашистичката борба за национална слобода и АСНОМ, заедно со двата Илиндена, се цврстите темели, врз кои е изградена современата македонска држава. Денес, кога македонските херои се бришат од учебниците по историја, кога се тргува со нашето минато како на зелено пазарче, неопходно е вклучување на новите генерации, на најмладите во одбележувањето на македонската борба за слобода и истрајност. Денешниот празник, само не обврзува и ни потврдува дека борбата никогаш не смее да запре!Потоа одбележувањето на јубилет продолжи со полагање на свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на народните херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава. 

More from ВестиMore posts in Вести »