Press "Enter" to skip to content

Трибина за јубилејот 80 години од Народното востание “Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“ (фотогалерија)

Во киното “Манаки“ во Битола, по повод чествувањата на  празникот 11 Октомври, Денот на народното востание градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, организира трубина на тема “Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“.На трибината говореа потпретседателот на Сојузот на борци Битола Стефан Бошков, историчарот д-р Александар Литовски и градоначалничната на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во присуство на претставници од Сојузот на борците и почитувачи на нивните дела, а модератот беше Сандра Котевска, директор на КИЦ Битола.Излагачите, од свој аспект искажаа сопствени мислења за значењето на овој голем датум од македонската историја, за кој и по 80 години, постојат и сведоштва и историски записи за текот на самиот настан и натамошниот развој на ангифашистичката борба. Потпретседателот на Сојузот на борци Стефан Бошков, во својот говор зборуваше за периодор од 1941 година и се она што го имаа како предизвик битолчани и граѓаните на Македонија, за НОБ, за приодот после втората светска војна, за статусот на Македонија во поранешна Југославија, за транзицијата, за проблемите кои се сега кај нас посебно за иселувањето на младите, како и другите проблеми кои сега ги мачат современиците.Историчарот Александар Литовски зборуваше за денешните предизвици со кои се среќаваат историчарите, за притисоците на кои мораат да оддолеат, а како рече треба повеќе да зборуваме и работиме на денешницата и иднината, бидејќи историјата е тема на која може непрекинато да се зборува.Градоначалничката Петровска на крај на трибината рече дека посебно му е мило што била иницијатор на овој собир по повод 80 години од 11 октомври 1941 година, а и тоа што сугерирала да зборуваат двајцата говорници кои одлично пред присутните зборувале на темата “Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“. Но нагласи дека и е жал што мал број на битолчани, поради ковид мерките биле присутни на трибината, за едно голем ден, за еден значаен настан кој се случил пред 80 години.Сојузот на борци од Битола искажа благодарност за одличната соработка со градоначалничката Наташа Петровска, особено поради тоа што во нејзиниот мандат се санираше Меморијалниот споменик на НОБ во селото Бистрица, кој го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба, за откривањето на  бистата на Ѓорѓи Наумов во Алејата на борците од НОБ.Во знак на благодарност за нејзината помош и залагање, претставниците од Сојузот на борци и доделија Благодарница на градоначалничката Петровска. 

More from ВестиMore posts in Вести »