Press "Enter" to skip to content

Во Битола 3 нови позитивни на ковид-19, оздравени 4 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19, а од нив во Битола се 3.

Регистрирани сe 423 оздравени пациенти, а од Битола се 4.

До сега во Битола има 7.192 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 193.

Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 10 и преку “Плодност“ 27 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.

More from ВестиMore posts in Вести »