Press "Enter" to skip to content

Во Битола 18 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, активни 197 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 18.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од Битола се 14.

Во Битола до сега има 7.210 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 197.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 66 и преку “Плодност“ 23 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

More from ВестиMore posts in Вести »