Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“: конечно треба да имаме здрав пат до Европа!

Асфалт кој се распаѓа, дупки, обраснат со трева, без никаква сигнализација – ова е патот кој не поврзува со соседна Грција, односно со Европска унија. Патот од Битола до граничниот премин Меџитлија не е реконструиран откако е направен, иако сите претходни власти најавуваа реконструкција и модернизација на истиот, вели “Поинаку“.

Како локална власт ќе ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за конечно да се реализира реконструкцијата на овој патен правец кој е од витално значење за развој на економијата и туризмот во Битола и регионот. Потребна е реконструкција и на влезовите во градот, со што истите ќе добијат функционалност каква што е потребна, но и претставителност соодветна на Битола. Со здрава патна инфраструктура, неопходно е конечно нивелирање на уличните шахти. Ќе формираме посебни приоритетни тимови во јавните претпријатија за редовно чистење на затнатите и нефункционални шахти, нивно нивелирање и санирање на ударните дупки на улиците.

More from ВестиMore posts in Вести »