Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер на Златибор од Ловќен на првиот натпревар од АБА2 лигата

Ловќен – Пелистер 108:85

Екипата на Пелистер од Битола, денес на “балонот“ на Златибор, го одигра првиот натпревар во АБА2 лигата и го доживеа првиот пораз во ова меѓународно натпреварување за овој дел од Балканот. Кошаркарите на Пелистер натпреварот со Ловќен Цетиње го загубија со убедливи 108:85 и нема да го паметат по добро првиот меч во нивната историја одигран во регионалното натпреварување кошаркарите.

Ловќен беше екипата која подобро го отвори овој меч, прв за Пелистер во неговата историја во ова натпреварување. Екипата од Цетиње поведе со 9:2, но битолчани брзо се вратија во егал 9:9, на средината на првиот период. Црногорскиот претставник уште еднаш се одвои на 20:13, за таа прва четвртина ја реши во своја корист со 22:19. По поените на Стајиќ, Пелистер стигна до нов нерешен скор 24:24. А веќе во 12.минута, Малешевиќ донесе водство за „зелените“ 27:25. Но за кратко, затоа што уследи нова серија на Ловќен, по која одново се одвоија на + 7 (43:36). Тројката на искусниот Караџовски ги врати „пелистерци“ на 42:46, а првото полувреме беше затворено со мини-серија од шест поени (за нецели 50. секунди) на Црногорците, за највисоко водство 52:42.

Уште послабо одиграа „зелено-белите“ во продолжението од нивниот деби-настап на „балонот“ на Златибор. Особено лошо делуваа во одбраната избраниците на тренерот Марјан Илиевски, која и не им даде нешто повеќе во играта и желбите да се дојде до поволен исход.

За два дена ќе ја имаат втората шанса да дојдат до „сефте“ во оваа конкуренција. Пред себе, во петок, од 18.часот ќе ја имаат уште една црногорска екипа, Сутјеска од Никшиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »