Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен 18 годишен дилер, 20 возачи возеле над дозволената брзина

На 12.10.2021 околу 18.00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом и други простории на улица „Даме Груев” во Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 12.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 28 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 8 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »