Press "Enter" to skip to content

“Киро Дандаро“ го испечати изборниот материјал и го предаде на ДИК, 4,5 милиони ливчиња на 60 тони хартија

Печатницата “Киро Дандаро“ од Битола по налог на Државната изборна комисија го испечати изборниот материјал, вкупно околу 4,5 милиони ливчиња и останат материјал што е потребен за спроведување на изборите, кој е испечатен на 60 тони хартија и денес е предаден и испорачан до 80 Општински изборни комисии со возила на Пошта и со засилена полициска придружба.

За овие избори материјалот е досега најобемен, содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список.

Претседателот на Државната изборка комисија, Александар Даштевски, денес на преземањето од печатницата во Битола рече:

-Ова е најобемен изборен материјал бидејќи има независни кандидати и независни листи, повеќе коалиции, партии кои се изборачките листи. Има многу материјали, како што знае целата јавност имаме рекорден број на листи на независни кандидати и независни листи, имаме повеќе коалиции, така што имаме многу материјали за носење, а во вториот круг ќе се намали таа бројка бидејќи ќе немаме советнички листи ќе имаме по два кандидата, а во некои општини ќе заврши и во првиот круг, така што ќе биде помала работата.

За 20 дена во печатницата „Киро Дандаро“ отпечатија околу 4,5 милиони ливчиња и останат материјал што е потребен за спроведување на изборите, а Драги Милошевски, генерален директор на „Киро Дандаро“ рече:

-Ова се најзаштителите изборни ливчиња на кои има 20 заштити. Беа 80 општини, значи, совет, градоначалник, тоа се 160 различни ливчиња, 10 општини Скопје, совет и градоначалник, значи 180 различни ливчиња. Во овие 180 има двојазички, тројазични имаме на сите јазици, македонски, македонско-албански, македонско-турски, македонско-српски, македонско-ромски и албански.

More from ВестиMore posts in Вести »