Press "Enter" to skip to content

Лидерите на ЛДП и ДОМ на средби со граѓани во Битола, и по 4 години нема да се срамиме пред битолчани

Двајвата лиде на ЛДП – Горан Милевски и на ДОМ –  Маја Морачанин кои го сочинуваат движењето “Одлучно“, со кандидатите за советници на Советот на Општина Битола остварија средби со граѓани, а престојот во Битола го искористија и преку прес-конфереција да се обратат до гласачите од Битола. 

Горан Милевски, од движењето “Одлучно за промени е задоволен од приемот што го имале кај граѓаните и од средбите што ги одржале добиле уверување дека во оваа кампања и рече ќе бидат вистинско изненадување на локалните избори и додаде:-И по 4 години ќе бидеме тука, во Битола, и нема да се срамиме од битолчани за тоа што ќе го сработиме ви тој период во Советот како советници или како градоначалник на Битола, бидејќи ќе работиме чесно и ќе ја оствариме програмата која ја презентиравме пред битолчани.  Ова го велам поради тоа што ЛДП и ДОМ имаат советничка листа која произлегува од граѓаните и ќе работат за интересите на граѓаните. Јас како кандидат за градоначалник целосно ќе се посветам во активноста да го продолжиме чесното работење на актуелната градоначалничка, да ги завршиме проектите што таа ги започнала и да направиме нови проекти. Ќе ја отвориме општината за граѓаните, ќе го помагаме спортот и културата и другите области што ги ветивме со оваа програма затоа што народот тоа од нас го очекува, за  Битола да биде модерен град каков што заслужува да биде.

Претседателката на политичката партија ДОМ, Маја Морачанин, повика масовно излегување и гласање на неделните избори.-Граѓаните во Битола  ја препознаа чесната намера и визијата на движењето “Одлучно“ за промени. Тоа овозможи масовно приклучување кон нашето движење и во таа смисла мислам дека ја постигнавме нашата цел, да ги обединиме сите без разлика на етничката, партиската припадност или професионална кариера. За Битола имаме одличен тим со чесни и добронамерни луѓе кои ќе се посветат во реализирање на потребите на граѓаните, а не како што често се случувало во овие 30 години, гледање на лични или бизнис интереси. Битола ќе се врати сјајот на градот, а предводен со Горан Милевски ќе придонесе во развојот на градот, град со дигитализација…

More from ВестиMore posts in Вести »